За нас


Гео-Инг дрвоградба е производно претпријатие кое се занимава со обработка на дрво и дрвени конструкции како и изведба на монтажни објекти според најсовремена компјутерски поддржана технологија.
Стекнатото знаење на нашите инженерски кадри потекнува од модерните фабрики за дрвоградба во Германија.
 

Учество на саеми, биенале и бимас / Благодарници, дипломи и признанија

 


По долгогодишното работно искуство во тие високо технолошки развиени германски фабрики ние успеавме целата таа технологија да ја пренесеме и на нашиот простор во Македонија. Со тоа е внесена новина во обработката на дрвото кај нас.

Техниката на работа со дрвото е со модерни компјутерски програми за конструирање на производите. Овој начин е најсовремен во европски рамки како и за нашиот простор.

 
Нашите производи поседуваат висок квалитет и истите се типизирани со висок степен на претходното изготвување. Ова овозможува сите серии да бидат изработени со голема брзина и прецизност, а при тоа и со подеднаков квалитет на сите примероци.
Карактеристично за изработката на овие наши производи е тоа што сме експресно брзи и многу прецизни, а дрвените елементи со висок завршен квалитет.
Пример: изработка на надстрешница кај нас трае само еден ден, а неретко сме готови и по само неколку саати.
 
Сите производи кај нас се изработени од масивно дрво. Дрвото обезбедува висок степен на екологија.
За секој производ следува современ проект со 3D анимација.
 
Организационата поставеност на нашето претпријатие ги следи сите модерни европски текови. Постојаните едукации од областа на менаџмент и дрвоградба кои им ги овозможуваме на нашите вработени, се доволни за нашата фирма да дејствува соодведствено со една германска дрвоградбена фабрика, каде и го научивме модерниот начин на дрвоградба.
 
Со сето ова на многу значајно место кај нас е ставен крајниот клиент и задоволувањето на сите негови побарувања:
- Квалитет
- Време
- Посебни желби и др.
 
Покрај типските куќи кои ги имаме во понуда, проектираме и изведуваме модерни монтажни објекти, според желбите на купувачот. Нашата понуда покрива комплетна изработка на елементи од монтажните куќи со основни и помошни материјали, превоз и монтажа, а на купецот останува да избере степен на завршување односно алтернатива на изработка без занатски работи или алтернатива клуч на рака.
 
Предноста на монтажните објекти е следната:
- Природна здрава и еколошка куќа
- Прифатлива цена
- Брза изведба - кратко време до вселување
- Лесна конструкција
- Заштеда на електрична енергија
- Добра термичка изолација, коефициент к=0,35w/m2k покажува дека ваков ѕид е еквивалентен на ѕид од полна цигла со дебелина од 160cm
- Пријатна собна температура во текот на цела година
- Отпорност на климатските услови и земјотреси
- Противпожарна отпорност F=60min
- Долготрајност на вградените елементи
- Поголема корисна површина за 10% во споредба со класична градба (разлика во дебелината на ѕидовите)
- Материјалите се природни - еколошки, а архитектонскиот стил современ
 
Се надеваме дека ќе ви понудиме многу интересни производи, својствени ширум Европа и искрено сметаме на долгогодишна успешна соработка, затоа што избирате сигурен и квалитетен партнер за сите ваши потреби од дрво.